Дома Фудбал Аморим силно ја нападна управата на Манчестер Јунајтед, тие веќе подготвуваат жесток одговор

Аморим силно ја нападна управата на Манчестер Јунајтед, тие веќе подготвуваат жесток одговор

Манчестер Јунајтед и вчера не успеа да забележи победа и одиграја нерешено на гостувањето против Лидс. Домаќините беа тие кои дојдоа до предност, но гостите успеаја да израмнат и на крајот натпреварот заврши нерешено.

Според новинарите на англискиот „talkSPORT“, иднината на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед е под голем знак на прашање поради неговата експлозивна прес-конференција што ја одржа вчера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според нивното пишување, нарушениот однос на Аморим со спортскиот директор Џејсон Вилкокс на долг рок ја доведува во прашање неговата позиција во Манчестер Јунајтед.

Аморим на прес-конференцијата силно изјави дека смета дека му требаат повеќе овластувања и посочи дека сака да биде менаџер на Манчестер Јунајтед, а не само тренер на овој клуб.

Фрустрациите на Аморим наводно проработеле откако раководството на Манчестер Јунајтед, вклучувајќи го и Вилкокс, го повикало да биде тактички пофлексибилен.

Аморим смета и дека ветувањата дека ќе му биде дозволено да троши пари во јануари биле прекршени и дека овој клуб нема да биде активен зимава.

Наводно Аморим повеќе се залагал да се доведе Воткинс во нападот минатото лето, а не Шешко кој досега се мачи да се приспособи на англискиот фудбал.

„Црвените Ѓаволи“ беа еден од клубовите кои се обидоа да го убедат Семењо на трансфер, но тој на крајот одбра Манчестер Сити.

Сепак, наводно Аморим не бил заинтересиран за Семењо, туку смета дека тие околу 70 милиони евра треба да се вложат во други делови од тимот.

Наводно, управата на Манчестер Јунајтед веќе го разгледува статусот на Португалецот во клубот и не е исклучено наскоро да добие отказ и некој друг да стане тренер на овој клуб наместо него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен направил тотален хаос во кампот на Нигерија

Виктор Осимен во понеделникот, 5 јануари, го постигна својот прв дупли гол во историјата н…