Дома Фудбал Каде ќе живее Кристијано Роналдо кога ќе се пензионира – англиските медиуми го открија тоа, а многумина се вчудоневидени

Каде ќе живее Кристијано Роналдо кога ќе се пензионира – англиските медиуми го открија тоа, а многумина се вчудоневидени

Според пишувањата на угледниот англиски весник “The Mirror”, португалската фудбалска ѕвезда веќе има план каде ќе живее кога ќе реши да ги закачи копачките на клин.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Се работи за луксузна вила вредна дури 30 милиони евра, која Роналдо ја изградил во ексклузивниот одморалиштен простор на крајбрежјето во Португалија.

Имотот е на околу 48 километри од Лисабон, во мирно и приватно опкружување, далеку од градската бучава и секојдневниот метеж.

Според известувањето на англиските медиуми, работите на вилата се целосно завршени, а објектот е подготвен за преселба штом Роналдо одлучи да ја заврши својата професионална кариера.

Објавените фотографии брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа огромно внимание од јавноста ширум светот.

Раскошната архитектура, современиот дизајн и погледот кон крајбрежјето ги оставија без здив дури и оние кои се навикнати на луксузниот начин на живот на Роналдо.

Вилата, според достапниот информации, е опремена со најсовремени содржини, вклучувајќи приватни базени, пространи тераси и максимална приватност.

Роналдо во текот на кариерата често инвестирал во недвижнини, но англиските медиуми истакнуваат дека ова е неговиот најимпресивен имот досега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Kако Енрике го создаде најмоќниот тим во светот? Бекам открива неверојатни детали

Во текот на три години, Луис Енрике успеа да изгради импресивен ПСЖ кој има реална шанса д…