Аргентинецот во историјата ќе биде запаметен како еден од најдобрите, а можеби и како најдобар и како сопственик на бројни рекорди.
Лео Меси во победата над Севиња (2:1) дојде до уште еден јубилеј. Имено, за Меси тоа беше 600. натпревар во дресот на каталонската екипа. Аргентинецот е играч кој во историјата на фудбалот ќе биде запаметен како еден од најдобрите, ако не и најдобар, а можеби и како најдобар сопственик на бројни рекорди. Иако во моментов е сопственик на многу рекорди, Меси ќе се обиде да сруши уште неколку рекорди и со тоа со златни букви да се запише во историската книга на фудбалот.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Меси четири пати ја освои Лигата на Шампионите, осум пати шпанското првенство, пет Златни топки, три пати наградата за најдобар играч во Европа и многу други трофеи и признанија, но се уште чека на освојување на Светското првенство, што би ја крунисало неговата фантастична кариера. Лео следното лето во Русија ќе се обиде да освои едно натпреварување кое ќе му недостасува, а дотогаш ќе се обиде да се приближи и на некои други рекорди:
1) Најдобар стрелец во Лигата на Шампионите
Во моментов, Кристиано Роналдо е најдобриот стрелец кој постигна 110 гола, додека Меси има 97, но фактот дека Роналдо е две години постар, Меси ќе има прилика да го престигне Португалецот.
2) Играч со најмногу трофеи во историјата на фудбалот.
Меси во овој момент има 30 освоени трофеи, исто како и неговиот соиграч Жерард Пике, а пред нив се: Рајан Гигс со 36 освоени трофеи, Витор Баија 35, Андрес Иниеста со 32 и Дени Алвес и Гери Невил со 31 освоен трофеј.
3) Играч со најмногу освоени Лига на Шампиони
Најтофејниот играч во најелитното клупско натпреварување е поранешниот капитен на Милан, Паоло Малдини, кој трофеј го крена пет пати. Четири пати Лигата на Шампионите ја освоија Меси, Роналдо, Иниеста и Пике.
4) Играч со најмногу оевоени европски трофеи
Дани Алвеш, Паоло Малдини и Ари Хан (Ајакс) се наоѓаат на врвот на оваа листа со девет освоени трофеи, Меси има седум (четири ЛШ и три еворпски Суперкупа), како и Жерард Пике, Андрес Иниеста и Кристиано Роналдо.
5) Играч со најмногу постигнати голови за еден клуб
Меси во 600 одиграни натпревари за Барселона постигна 523 гола и е прв играч кој Аргентинецот ќе го престигне Герд Милер, кој во 563 натпревари помеѓу 1966. и 1979. во дресот на Баерн постигна 525 гола. Вториот е Јозеф Бикан, кој во дресот на Спарта Прага во 274 натпревари постигна 534 гола. На врвот е Пеле со 643 гола во дресот на Сантос.
6) Играч со најмногу настапи за Барселона
Рекордерот на Барселона по број на настапи за каталонскиот клуб е Чави со 767 настапи, по него Андрес Иниеста (642) и Лео Меси (600).
7) Играч со најмногу победи во шпанското првенство
Пред да си замине во Порто, Икер Касиљас во дресот на „кралскиот“ клуб имаше 334 победи и беше играч со најмногу победи во Ла Лига. Победа помалку има поранешниот голман на Билбао, Валенсија и Барселона, Андони Зубизарета. Следи Раул Гонзалес со 327, Чави со 322 и Маноло Санчез со 312 победи. Меси во дресот на Барса запиша 298 победи.
8) Најмногу освоени Златни копачки
Ова е награда која секоја сезона се доделува на најдобриот стрелец, а Аргентинецот оваа награда ја освои четири пати (2009/10, 2011/12, 2012/13 и 2016/17), исто како и Роналдо. Со оглед на тоа што Роналдо оваа сезона е во криза, Меси оваа сезона е фаворит за освојување на Златната копачка и да остане сам на врвот.