Дома Фудбал Легендарнот Дел Пјеро го донесе трофејот за Светското првенство во Саудиск Арабија (Видео)

Легендарнот Дел Пјеро го донесе трофејот за Светското првенство во Саудиск Арабија (Видео)

Трофејот на Светското првенство во фудбал денеска го достигна Ријад, Саудиска Арабија.

Ова е почеток на турнејата со која овој култен трофеј ќе ги посети 30 членки на ФИФА на 75 локации во период од 150 дена.

Турнејата за 2026 година започна во земјата која ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година. Претстои патување до трите земји-домаќини на овојогодишниот турнир, САД, Канада и Мексико.

Трофејот ќе ги посети и земјите кои ќе бидат домаќини на турнирот во 2030 година, вклучувајќи ги Мароко, Португалија и Шпанија.

Легендарниот италијански репрезентативец и светски првак од 2006 година, Алесандро Дел Пјеро, го донесе трофејот во Саудиска Арабија.

Тој беше пречекан во Ријад од саудиски официјални лица, меѓу кои и потпретседателката на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Ламија Бахајан.

Да потсетиме, Светското првенство оваа година започнува на 11. јуни и завршува на 19. јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

25 удари, само еден бод: Сандерленд скапо ги плати промашувањата во Полска

Тимур Тутјеров го постигна најбрзиот гол сезонава во Лига Европа, но Лех Познањ преку Март…