
Реал Мадрид наскоро би можел да добие големо засилување во средниот ред. Кралскиот клуб следното лето има намера да го доведе Родри од Манчестер Сити.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанецот Родри, најдобриот играч на светот од 2024 година, би можел од следното лето да стане член на Реал Мадрид.
Кариерата на 29-годишниот плејмејкер, поради тешка повреда, е во благ пад. Во 2024 година беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, а потоа следи повреда поради која пропушти речиси целата претходна сезона.
Оваа сезона се врати на теренот. Сепак, настапил во само осум натпревари со ограничена минутажа и се почесто се зборува за неговото можно заминување од Етихад.
Тоа би можело да се случи веќе следното лето. Родри влегува во последната година од договорот со Сити и според сите индикации клубот нема намера да му понуди продолжување на соработката, а големи се шансите дека ќе биде продаден.
Реал Мадрид има намера да го донесе во своите редови. Marca наведува дека Кралевите се подготвени да реагираат во летниот трансфер период.