Дома Фудбал Александар-Арнолд се враќа во Премиер лигата и прави потег поради кој нема да смее да зачекори на „Енфилд“

Александар-Арнолд се враќа во Премиер лигата и прави потег поради кој нема да смее да зачекори на „Енфилд“

Трент Александар-Арнолд би можел да добие шанса за „бегство“ од Реал Мадрид, бидејќи неколку клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Одличниот десен бек го напушти Ливерпул минатото лето, клубот во кој практично порасна и каде ја помина целата своја кариера до тој момент.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Одлуката да замине во Реал Мадрид ги подели навивачите на Ливерпул, за кој Александар-Арнолд одигра 354 натпревари и постигна 23 гола.

Неговиот договор со Ливерпул требаше да истече на крајот од минатата сезона и можеше како слободен играч да замине од клубот.

Сепак, Реал Мадрид плати одредено обесштетување за него за да може да игра на Светското првенство за клубови за својот нов клуб.

Според пишувањето на fichajes, три клуба се во борба за потписот на Трент Александар-Арнолд, а еден веќе подготвил понуда од 40 милиони евра.

“Манчестер Јунајтед подготви понуда од 40 милиони евра за Трент Александар-Арнолд. Њукасл и Манчестер Сити исто така се заинтересирани”, се вели во нивната објава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…