
Германскиот стручњак не криеше дека внимателно го анализира постоечкиот играчки кадар, и дека токму одбраната е сегментот на тимот кој бара дополнително внимание.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
“Кога ја гледам дефанзивната линија, мислам дека ни треба уште еден играч”, порача Флик, со што даде јасен сигнал до спортскиот сектор на клубот.
Неговата изјава доаѓа во момент кога Барселона се обидува да ја стабилизира екипата по турбулентен период обележан со повреди и промени во составот.
Флик подвлече дека потенцијалното засилување мора да има јасна цел и квалитет што веднаш би донел дополнителна вредност на тимот.
“Ќе треба да почекаме и да видиме, тоа мора да има смисла”, додаде тренерот, истакнувајќи претпазливост при носење одлуки.
Барселона веќе подолго време се соочува со финансиски ограничувања, што дополнително го отежнува реализирањето на трансферите.
И покрај тоа, управата на клубот е свесна за потребите кои Флик ги истакна и разгледува различни опции на пазарот.