
Трансферот на Антоан Семењо во Манчестер сити влегува во завршната фаза. Борнмут прифати дека репрезентативецот на Гана повеќе нема да игра за клубот и го финализираше договорот со шампионот на Англија, пренесува TEAMtalk.
Манчестер сити сакаше трансферот да биде завршен уште во првите денови на зимскиот преоден рок, додека Борнмут се обидуваше да го задржи играчот барем до натпреварот со Тотенхем на 7 јануари, на неговиот 26-ти роденден. Тренерот Андони Ираола претходно изјави дека се надева Семењо ќе биде достапен и за дуелите против Арсенал и Тотенхем.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, по натпреварот против Челси на 30 декември, Семењо јасно му порача на клубот дека сака да го заврши трансферот во Манчестер сити. Борнмут потоа на Стара година го извести Сити дека дава зелено светло за неговото заминување, а двата клуба сега ги завршуваат последните детали.
Семењо наскоро треба да пристигне на лекарски прегледи во северозападна Англија, додека личните услови на договорот веќе се договорени. Манчестер сити ќе плати 65 милиони фунти за неговиот трансфер.
Офанзивецот на Борнмут оваа сезона има осум голови и три асистенции во Премиер лигата. Неговиот тим по добриот старт падна на 15-тото место на табелата, без победа во првенството уште од октомври.