
Проблемите со повреди повторно го мачат Арсенал, па не е чудно што менаџерот Микел Артета планира да биде активен во зимскиот трансфер прозорец. Топчиите се во потрага по засилувања, а неочекувана можност може да се појави во форма на играчот од среден ред на Баерн, Леон Горецка (30).
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот стручњак потврди дека клубот активно бара нови играчи за да се справи со бројните отсутности кои го намалија тимот, до таа мера што и Деклан Рајс мораше да игра на десната бек позиција против Брајтон.
“Работата е во тоа што имавме многу повеќе повреди отколку што очекувавме, а некои од нив не можеа да се избегнат. Сакаме да бидеме подобри и знаеме колку ќе биде значајна улогата на достапноста на играчите за време на сезоната. Трансфер прозорецот е тука, ние сме Арсенал и мора да гледаме што ни треба. Мораме активно да бараме и потоа да видиме дали можеме да го оствариме тоа или не. Тоа е друга приказна, но нашата работа е секогаш да бидеме подготвени за нешто што може да се случи”, изјави Артета.
Една од критичните позиции е средниот ред, а решението би можело да дојде од Минхен. Според англискиот портал Team Talk, претставниците на Леон Горецка му ги понудија услугите на германскиот репрезентативец на Арсенал. Интересно е што Горецка го застапува истата агенција како Кај Хаверц, што може да ги олесни преговорите.
“Претставниците на Горецка веќе стапија во контакт со Арсенал. Заминување во јануари е можност доколку добијат силна понуда”, наведуваат странските медиуми. Германскиот играч од средината моментално според Tрансфермаркт има вредност од 15 милиони евра.