Дома Останати Кошарка Антиќ: Јас не, но сигурно може повторно да придонесе Мекејлеб за репрезентацијата

Антиќ: Јас не, но сигурно може повторно да придонесе Мекејлеб за репрезентацијата

Во понеделник, селекторот на машката кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков ќе го комплетира списокот играчи за двата меча против Словачка и Швајцарија, во рамки на претквалификациските меча за ЕП.

Перо Антиќ сепак, познато е дека нема да биде дел од националниот состав, иако тоа претходно беше најавувано.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Јас се повлеков, а моето име е на списокот затоа што сакаат нешто да докажат“, истакна Антиќ во интервју а Еурохупс.

Во националниот тим, посочи Антиќ би сакал да го види Мекејлеб кој е во финалната тројка Американци заедно со Хендрикс и Теодор.

„Искрен да бидам, би сакал да го видам Мекејлеб во финалниот избор, тој многу придонесе за нашиот национален состав. Сепак, ова е и можностза сите млади кошаркарски таленти“, заклучи Антиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нова блескава партија на Јокиќ, Денвер загуби од Голден Стејт

Голден Стејт вориорс ноќеска го победи Денвер нагетс на свој терен со 118:104 во натпревар…