Дома Фудбал Кристијано Роналдо нешто не успеа за првпат после 16 години

Кристијано Роналдо нешто не успеа за првпат после 16 години

И тој е само жив човек, би рекле некои во негова “одбрана” поради тој “пад”, без разлика што Кристијано Роналдо на индивидуално ниво генерално имаше одлична година.

Годините не му можат ништо, славниот Португалец ја заврши 2025 година постигнувајќи дури 41 гол. Ова е трет пат во неговата богата кариера да постигне 40 или повеќе голови во една календарска година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но што изостана?

Ако тоа воопшто е важно, прецизните статистичари открија „неверојатен“ податок кога станува збор за Кристијано Роналдо. За првпат по 16 последователни години не успеа да постигне хет-трик!

Последен пат му се случи тој „пад“ уште во 2009 година кога го носеше дресот на Реал Мадрид. Оттогаш редовно му успеваше да ја заврши календарската година со барем еден хет-трик, а многупати му се случуваше да има и повеќе во текот на 12 месеци.

Ова би можело да се смета и за бизарен рекорд. Инаку, ако љубителите на статистиката се интересираат, Кристијано Роналдо е рекордер по бројот на хет-трикови меѓу активните фудбалери, вкупно има постигнато 66 во кариерата. На второ место е неговиот најголем ривал, Лео Меси, со пет помалку.

Она што е важно за CR7 и од што сеуште не се откажува е 1000-тиот гол во кариерата!

Во моментот има 957…

Дали треба да потсетуваме дека „неуништливиот“ Кристијано Роналдо за околу два месеца (точно на 5 февруари) ќе го прослави својот 41. роденден!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска во Челси добил отказ поради Манчестер Сити?!

Енцо Мареска повеќе не е тренер на Челси. Италијанецот го напушта Стамфорд Бриџ по само 18…