Дома Фудбал Конфликт на Куња со навивачите на Јунајтед /ВИДЕО/

Конфликт на Куња со навивачите на Јунајтед /ВИДЕО/

Матеус Куња, играчот на Манчестер јунајтед, беше видливо вознемирен од однесувањето на навивачите на Црвените ѓаволи по нерешениот резултат на неговиот тим против Вулверхемптон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Куња беше забележан како бурно гестикулира кон навивачите на својот клуб, додека публиката на “Олд Трафорд” го изразуваше незадоволството по ремито 1:1 со последнопласираниот Вулвс. Игрáчите на Црвените ѓаволи беа силно свиркани по резултатот против Вулверхемптон, кој пред овој меч имаше само два освоени бода.

На видеото објавено по завршувањето на натпреварот, додека играчите на Јунајтед се движат кон тунелот, неколку навивачи јасно го изразуваат своето незадоволство поради новото губење бодови на домашен терен од тимот на Рубен Аморим.

Куња, кој играше против својот поранешен тим, изгледаше како да гестикулира кон навивачите на Јунајтед. На видеото се слушаат навивачи како извикнуваат навредливи зборови за учинокот на тимот и свиркаат, додека некој друг го коментираше однесувањето на Куња велејќи дека играчот бил “нервозен”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гризман со солзи се прости од Атлетико: Простете, Барселона беше грешка

ФРАНЦУСКИОТ фудбалер Антоан Гризман ја одигра својата последна средба за Атлетико Мадрид п…