Дома Фудбал Германија Нов пораз за Дортмунд за продлабочување на кризата

Нов пораз за Дортмунд за продлабочување на кризата

Борусија Дортмунд продолжува со слабите резултати во последниот месец. Тие денес беа поразени од Штутгарт на гостувањето, беше 2:1 за домашните.

Гостите пристигнаа без неколку важни играчи, пред се Обамејанг кој беше сусепндиран од страна на клубот поради недисциплина, како и без Пулишиќ кој е повреден, а сето тоа се одрази на резултатот.

Шурле имаше добар удар кон голот во 3 минута, а две минути подоцна 1:0 за Штутгарт. Неверојатна грешка на Барта кој го искористи неговиот лош пас кон голманот и јаодзеде топката, потоа не беше тешко да се постигне за 1:0.

Јармоленко и Геце имаа шанса за израмнување, а гол во мрежата на Штутгарт видовме во 3. минута од судиското продолжение. Откако Павард играше со рака, судијата досуди пенал, за Шурле да има силен удар кој голманот го одбрани. Сепак, на топката налета Максимилијан Филип и погоди за 1:1.

Во 51. минута од мечот нов погодок за Штутгарт. Озчан испрати топка кон Брекал, тој успеа да го измами дефанзивецот на Борусија, шутираше до лева нога и го совлада Клиер за нов предност на домашните.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Голгетерот кој даде над 400 гола во кариерата стана хит – играше фудбал со деца на локално игралиште (Видео)

Видео снимка која го прикажува Пјер Емерик Обамејанг, новиот напаѓач на Депортиво Ла Коруњ…