
Британецот Џастин Худ (32) продолжува со својата неверојатна приказна на Светското првенство во пикадо, откако минатата година си даде отказ од работата како ноќен рецепционер во хотел и ја вложи целата своја животна заштеда обидувајќи се да стане професионален играч во овој спорт.
Худ успеа да стигне до четвртфиналето на Светското првенство на PDC, обезбедувајќи минимален приход од дури 69.000 евра од наградниот фонд.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во осминафиналето одигра еден од најимпресивните натпревари на турнирот, поразувајќи го Џош Рок со совршени 4:0 и постигнувајќи историски успех.
Тој успеа да ги погоди сите 11 први обиди на дуплите излези, што досега не успеал никој играч во историјата на светските првенства во пикадо.
Simply SENSATIONAL! 🤯
— PDC Darts (@OfficialPDC) December 30, 2025
Justin Hood produces a staggering display of doubling to stun Josh Rock and storm through to the quarter-finals on debut!
What a story 👏 pic.twitter.com/jVFMUwOFpG
Со една година претходно, Худ ја напушти работа во хотел каде работеше ноќни смени и се пресели во Милтон Кинс, одлучувајќи да учествува на квалификацискиот турнир за професионалци, познат како Q-School.
Неговиот деби настап на светската сцена прерасна во едно од најголемите изненадувања на шампионатот. Публиката го знае и по неговиот специфичен карактер и начин на славење.
Со својот ведар дух и уникатни гестови, тој често ја воодушевува публиката, а победите ги пречекува со насмевка, исфиркан јазик и енергични движења што станаа негов знак на препознавање.