Дома Останати Тенис Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Еден од најголемите, а според многумина и најголем тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, нема намера да ја заврши кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ноле во следната година ќе го прослави 39-тиот роденден. Меѓутоа, тој сè уште игра на високо ниво и гони својата 25-та титула на Гран Слем во кариерата.

Плановите на српскиот тенисер не се врзани само за нова титула на најголемите турнири. Тој сака да се обиде да освои ново злато на Олимписките игри.

Откако донесе злато за Србија во Париз 2024 година, Ноле сака да игра и во 2028 година во Лос Анџелес, иако тогаш ќе има 41 година.

„Ќе играм на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година. Тие Игри се мојата водилка”, вели Новак и додава:

„Нема граници. Сакам да се натпреварувам и додека се чувствувам добро, додека телото ме држи и додека играм на високо ниво, зошто да не?”, вели Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Роналдо сака 1.000 голови, а јас 25. грен-слема

Новак Ѓоковиќ, додека се подготвува за новата сезона во Дубаи, имаше чест да присуствува н…