Дома Фудбал Антонио Ридигер е во плановите на Јувентус за летото

Антонио Ридигер е во плановите на Јувентус за летото

Антонио Ридигер, централниот дефанзивец кој за два месеци ќе наполни 33 години, би можел да ја следи судбината на други дефанзивци на Реал Мадрид, како Серхио Рамос, Лукас Васкез и Начо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со договор важечки до 30 јуни 2026 година, германецот не бил поканет на разговори за продолжување, и не е исклучено да го напушти “Сантиаго Бернабеу” во летниот период. Ова веќе го привлече вниманието на големите клубови од Европа, а прв на ред се најде италијанскиот гигант Јувентус.

Во неговата четврта сезона во Реал Мадрид, Антонио Ридигер има освоено осум трофеи со белиот дрес, вклучувајќи титула во Ла Лига и Лига на шампиони (има уште еден трофеј со Челси). Репрезентативецот со 81 натпревар и 3 гола за Германија на 1 јануари влегува во последните 6 месеци од договорот, потпишан во летото на 2022 година, кога без пари се пресели од Челси.

Шпанските медиуми пишуваат дека германскиот дефанзивец, кој на 3 март ќе наврши 33 години, сè уште не бил поканет на преговори од претседателот Флорентино Перес за продолжување на договорот, слично е и со Дани Карвахал, кој на 11 јануари навршува 34 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Ирак едвај влегол во САД, седум часа го држеле на аеродром во Чикаго!

Имавме можност да видиме бројни интересни видеа и да слушнеме убави приказни за патувањето…