
Раководството на Барселона ја разгледува можноста да го доведе дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, по поволна цена во јануарскиот трансфер прозорец. Каталонскиот клуб бара нов централен бек за следниот месец и моментално го истражува пазарот во Премиер лигата за соодветни опции, пишува „Спорт“.
Прв избор на Барса беше дефанзивецот на Нотингем Форест, Мурило. Обидите да го привлечат, сепак, беа неуспешни. Раководството на клубот од „Сити Граунд“ постави цена од 100 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец и става до знаење дека нема да ги разгледаат понудите пред летото.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Така, од „Камп Ноу“ го насочиле вниманието кон Аке, кој би бил многу подостапна опција. Манчестер Сити е подготвен да разговара за договор за холандскиот репрезентативец, кој оваа сезона поретко е дел од почетниот состав.
Според информациите, Барселона е подготвена да започне преговори со Сити за почетен заем на холандскиот репрезентативец со опција за откуп. Од Сити се исто така подготвени да седнат на преговарачка маса, доколку добијат доволно интересна понуда.