Дома Фудбал Вакво нешто ретко се случува: Шпанците го измамија целиот свет со објавата за Кавани!

Вакво нешто ретко се случува: Шпанците го измамија целиот свет со објавата за Кавани!

Шпанските медиуми доцна синоќа објавија дека легендарниот напаѓач Единсон Кавани донел одлука да ја заврши фудбалската кариера, но подоцна се покажа дека оваа информација е лажна.

Имено, на 28 декември, Шпанците го одбележуваат нивниот „први април“, а некои портали вечерта објавија сензационална „бомба“ за заминувањето на Кавани.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Објавија дури и лажно писмо од уругвајскиот голгетер

“Фудбалот ме обликуваше, ме предизвикуваше, ме учеше да станувам по секој пад и да ја почитувам секоја стапка на ова патешествие. Ме направи да ги остварам соништата што некогаш ми се чинеле недостижни и ме запозна со неверојатни луѓе, како на теренот така и надвор од него. Ова не би било можно без поддршка од моето семејство, пријатели, соиграчи, тренери и пред сè, од секој фудбалски фан. Љубовта на навивачите од сите држави и клубови ќе биде секогаш со мене.

Заминавам мирен, знаејќи дека дадов сè од себе на секој тренинг и натпревар. Со грешки и успеси, но секогаш со почит кон оваа професија што ми даде толку многу”, напишано е во замисленото писмо на Кавани.

Бргу потоа беше разјаснето дека сѐ е само „првоаприлска“ шега на Шпанците. Тие 28 декември го одбележуваат денот попознат како „Дија де лос Санто Инокентес“ кој има улога слична на Првиот април – ден за шеги и трикови. Иако има религиски корени, овој ден го означуваат и лажни вести и безнадежни шеги, дури и во медиумите.

Искусниот Ел Матадор, прекарот што Кавани го носи цела кариера, последните две и пол години го носи дресот на Бока Јуниорс, а претходно слава стекна носејќи ги дресовите на ПСЖ, Наполи, Палермо и Манчестер Јунајтед.

За ПСЖ одигра 301 натпревар и постигна 200 гола, додека во периодот со Наполи постигна 104 гола на 138 средби.

На национално ниво за Уругвај, одигра 136 натпревари и постигна 58 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Веста на денот во Каталонија е – Роналд Араухо!

Еден од капитените на Барселона, Роналд Араухо, денес ќе му се приклучи на остатокот од ти…