Дома Фудбал Инсиње пред враќање во Серија А

Инсиње пред враќање во Серија А

Поранешниот италијански репрезентативец Лоренцо Инсиње (34) би можел да се врати во Серија А во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Некогашниот капитен на Наполи треба да го засили Лацио и повторно да соработува со Маурицио Сари, со кого имаше одлична врска во Неапол.

Инсиње прво би пристигнал на шестмесечна позајмица, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Малиот крилен напаѓач под раководство на Сари во дресот на Наполи во сезоната 2016/17 постигна 20 голови во првенството.

Дресот на Наполи го носеше од 2010 до 2022 година, кога замина во Канада, во редовите на MLS тимот Торонто.

Во Серија А постигна 122 гола на 434 натпревари.

За селекцијата на Италија одигра 54 меча, со 10 погодоци, и беше еден од главните “сегменти” на селекцијата на Роберто Манчини која во 2021 година го освои Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …