Дома Фудбал Наместо еден натпревар суспензија – нема да игра до средината на февруари поради инцидентот против Реал Мадрид

Наместо еден натпревар суспензија – нема да игра до средината на февруари поради инцидентот против Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Шпанија ги објави санкциите против стоперот на Севилја Маркаo.

Бурно реагираше Маркао на исклучувањето поради вториот жолт картон кој му го дodelи судијата Алехандро Муњиз Руиз на крајот од натпреварот против Реал Мадрид. Тогаш го навреди судијата врз кого сакаше да насрне, а откако Руиз разбрал што рекол дефанзивецот од Севилја, овој ја шутнал топката која се наоѓала во просторот на четвртиот судија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Врз основа на таа формулација, тој е казнет со вкупно шест натпревари суспензија. Четири поради начинот на кој му се обрати на судијата, еден поради несоодветно однесување и уште еден поради исклучувањето.

Така, следниот натпревар во Ла Лига потенцијално ќе го одигра дури на 15 февруари против Алавес на “Пишуану”.

Севилја моментално е на 10. место на табелата во Ла Лига, но се на само пет бода од зоната за испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски добил забрана за давање голови: Не знаев дали смеам да погодам или не…

Голема бура неодамна предизвика сознанието дека од Роберт Левандовски во првата сезона ког…