Дома Фудбал „Војната“ меѓу гигантите добива ново поглавје: Реал ја обвинува Барселона и бара отштета

„Војната“ меѓу гигантите добива ново поглавје: Реал ја обвинува Барселона и бара отштета

Во последните години, Реал Мадрид и Барселона водат озлогласена битка преку судии, а сега оваа борба добива ново поглавје. Реал разгледува можност да побара милионска отштета поради случајот “Негреира”.

Според пишувањата на весникот AS, откако успеаја да ја продолжат истрагата за наводниот поткуп на шефот на судии до 1 март, од Мадрид го зголемуваат притисокот врз судовите, обвинувајќи ја Барселона дека во периодот од 2001 до 2018 година “манипулирала со својот идентитет и го фалсификувала натпреварувањето со неразбирливи одлуки”.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид преку законски пат и со рок од 10 дена, побара ревизија, длабинска анализа и фактури за да ги прегледа финансиските текови на Барселона од 2010 до 2021 година, како и буџетите од 2010 до 2018 година. Во целост, Реал Мадрид побара 625 документи за да разбере што се случило со парите и каде завршиле.

Екипата на Реал признава дека ќе побараат милионска отштета од Барселона за штетите и загубите во врска со случајот “Негреира”.

Случајот “Негреира” се фокусира на исплатите од 7,3 милиони евра што Барселона ги направила кон фирмите на поранешниот заменик претседател на Техничкиот комитет на судии, Хозе Марија Енрике Негреира, и неговиот син, во замена за добивање извештаи за судиите на натпреварите на каталонскиот клуб. Исплатите наводно биле направени помеѓу 2001 и 2018 година.

Во ноември, за време на генералното собрание на Реал Мадрид, Флорентино Перез гарантираше дека ќе оди до крај во случајот “Негреира”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наместо еден натпревар суспензија – нема да игра до средината на февруари поради инцидентот против Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Шпанија ги објави санкциите против с…