Дома Фудбал Следува голема реконструкција на Интер

Следува голема реконструкција на Интер

Една генерација се ближи кон крајот и наскоро ќе добиеме ново лице на миланскиот Интер. Некои од последните потези на Симоне Инѕаги ќе бидат пресечени и засега е на Кристијан Киву да се справи со транзициониот период.

Не беше освоена Лигата на шампионите иако двапати беа во финале, додека во Италија за време на ерата на Симоне Инѕаги двапати го подигнуваа Скудетото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многу играчи кои беа дел од тие успеси влегуваат во позни играчки години и клубот ќе има тежок задаток да одлучи кој им е исплатлив за потенцијален останок.

Договорите на Јан Зомер, Франческо Ачерби, Стефан де Фрај, Матео Дармијан и Хенрих Мхитарјан истекуваат на 30-ти јуни 2026 година.

Кога на тоа ќе ги додадете и некои момци кои се незадоволни од својата улога како што се Дензел Демфрис и Давиде Фратеѕи, како и оние кои се интересни за други тимови, доаѓате до заклучок дека Интер во наредните шест-седум, па и осум месеци ќе претрпи сериозни промени.

Големо прашање е и што ќе се случи со Хакан Чалханоглу кој летото беше блиску до Галатасарај откако се скара со управата на Интер. Остана, но не ги затвори вратите за враќање во родината.

Интер се подготвува за транзиција. Ги интересира Гиљермо Вика́рио од Тотенхем, Тарик Мухаремовиќ, тука е момчето од сплитскиот Хајдук Бранимир Млачиќ, Тијаго Габриел од Лече…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …