
Неколку екипи покажаа интерес за потписот на Влаховиќ и практично се очекува јануарскиот трансфер период за да се види каква одлука ќе донесе Србинов.
Вчера се појави информација дека Ливерпул е клубот кој е подготвен за 20 милиони евра во јануари да го донесе Влаховиќ од Јувентус.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ливерпул е во потрага по напаѓач откако Исак доживеа скршеница на нога на натпреварот против Тотенхем.
Ливерпул знае дека Влаховиќ многу би сакал да прифати трансфер во јануарскиот трансфер период, и се подготвени да тргнат по него.
Наводно, челниците на Ливерпул веќе воспоставиле контакт со челниците на Јувентус, а одржан е и разговор со Влаховиќ, и се очекува дека во наредните денови ќе биде испратена и официјална понуда.
Сепак, работите утрово малку се променија, бидејќи уште еден клуб ја постави својата понуда на маса за Душан Влаховиќ.
Според пишувањето на Лоренцо Лолло, тоа го направија челниците на Милан.
“Ова е состојбата со понудата за Душан Влаховиќ.
Милан е подготвен да понуди договор на пет години вреден 6-7 милиони евра по сезона, плус 10 милиони евра за потпис. Тренерот на Милан е главниот голем застапник на овој потег и сака да се обедини со овој напаѓач. Освен тоа, сака да создаде одлично трио во нападот во кое покрај Влаховиќ би биле Леао и Пулишиќ”, тврди Лолло.
Милан, исто така, се распрашува за уште некои играчи, а еден од нив е и репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Тарик Мухаремовиќ.