Дома Фудбал Де Лаурентис е воодушевен од Конте, доказ е овој потег

Де Лаурентис е воодушевен од Конте, доказ е овој потег

Фудбалерите на Наполи активно се подготвуваат за натпреварот во италијанското првенство кој ги очекува претстојниот викенд против Кремонезе. Освојувањето на првиот трофеј оваа сезона донесе нова перспектива во редовите на шампионот на Италија, што би можело да резултира со нов договор за Антонио Конте.

Угледниот италијански стратег се соочи со првата сериозна криза кон средината ноември откако по поразот од Болоња владееше неизвесност дали ќе ја задржи својата позиција по репрезентативната пауза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Додека медиумите шпекулираа за иднината на Конте, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, недвосмислено ја изразуваше својата доверба во тренерот. Највисокиот израз на оваа доверба би можел да биде новиот договор за Конте.

Според Николо Шира, преговорите за продолжување на соработката веќе започнале, а Конте би добил и зголемување на платата, што е дополнителен мотив да остане долго време на “Марадона”.

Нема сомнеж дека освојувањето на Суперкупа на Италија беше клучен импулс за таквата одлука на Де Лаурентис, но треба да се нагласи дека Наполи се уште не блеска во првенството, особено по поразот од Удинезе.

Само четири дена пред тоа и Бенфика им нанесе пораз, па по шест натпревари во Лигата на шампионите, имаат само седум бодови. Следниот месец ги чека напорна борба за пласман во наредната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус сонува за Тонали

Играчот на Њукасл, Сандро Тонали, останува посакувана засилување за Јувентус во зимскиот т…