
Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ платформа му понудила на најдобриот тенисер на сите времиња 13,5 милиони долари за серија од седум епизоди каде што ќе биде раскажана неговата феноменална кариера преку хроники од најголемите турнири, се појави на интернет, но уште не е официјално потврдена.
Според информациите за подготовка на овој документарец, се разбира, доколку тие се точни – во центарот нема да бидат само неговите резултати. Тоа ќе биде и одлична приказна за неговата големина, дисциплина, за легатот што овој исклучителен спортист, кого многумина го сметаат за најголемиот тенисер на сите времиња – ќе го остави.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, има нешто уште поважно што зборува за феноменалниот карактер на српскиот ас. Голем дел од сумата што ќе ја добие за снимањето на документарната серија, Ѓоковиќ наводно ќе ја пренасочи на разни хуманитарни агенции, што, како што пишува авторот на овој текст на Instagram, дополнително ги импресионира милионите негови почитувачи кои максимално ја почитуваат неговата великодушност и на теренот и надвор од него.
.