Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со урнебесна објава и во летна облека го честиташе Божиќ (Видео)

Ѓоковиќ со урнебесна објава и во летна облека го честиташе Божиќ (Видео)

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите светски тенисери е посветен на подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која ќе го прослави својот 39-ти роденден.

Изминатава година беше многу успешна за овој српски тенисер, иако не успеа да освои гренд слем титула.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во ноември, во Атина, го освои својот 101-ви трофеј во професионалната кариера, стигна до полуфинале на сите четири гренд слем турнири, а се закити и со титула на турнирот во Женева.

Пред него сега стојат нови предизвици, а првите се турнирот во Аделаида (серии 250) и Австралијан опен, кои традиционално се играат во јануари.

Новак во средата објави видео од неговите тренинзи, откривајќи дека се наоѓа во Атина, каде моментално живее и се подготвува за новата сезона и освојување на нови трофеи.

Интересно е тоа што Ѓоковиќ вежба на отворено во шорцеви и маица, бидејќи во Атина овие денови температурата се движи од 15 до 20 степени, што е прилично топло за овој дел од годината.

Српскиот тенисер сподели неколку сцени од своите тренинзи, збогатени со идилични пејзажи, а многумина ги изнасмеа описот што го остави.

Наместо „Merry Christmas“, тој напиша „Merry fitness“, што во буквален превод значи „Весел фитнес“, но намерата беше сосема јасна.

Многумина реагираа и му одговорија на Новак во коментарите, а меѓу најзабележителните реакции беше онаа на легендарната скијачка Линдзи Вон, која му возврати на честитките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра квалификации за Австралијан опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа година ќе се обиде да направи исчекор на најго…