Дома Фудбал Манчестер јунајтед подготвува „чистка“ во средниот ред, на повидок и една неочекувна одлука!

Манчестер јунајтед подготвува „чистка“ во средниот ред, на повидок и една неочекувна одлука!

На Олд Трафорд претстои лето на значајни промени. Составот на средината е приоритет, а неколку познати играчи се на отвореното прашање. Планот е јасен, да се донесат два нови централени играчи за врска и да се започне ново поглавје.

Манчестер Јунајтед е подготвен да вложи значителни средства во сосема нова линија на средината на теренот во следното лето, а раководството на клубот веќе активно работи на планот за реконструкција на средиштето на тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информациите од Англија, Јунајтед внимателно следи неколку таленти од Премиер Лигата, а меѓу имињата кои се во фокусот се наоѓаат Елиот Андерсон, Адам Вартон, Карлос Балеба и Алекс Скот.

Оваа иницијатива се должи на големата неизвесност околу иднината на тековните играчи за врска на Олд Трафорд.

Капитенот Бруно Фернандеш ги засили шпекулациите откако во оваа недела откри во интервју дека сериозно се размислува за негово заминување од клубот.

Во интервјуто минатиот месец со Португалската фудбалска федерација, Фернандеш откри дека Манчестер Јунајтед го разгледувал неговото заминување во текот на летото.

Притоа истакна дека би бил заинтересиран за враќање во Португалија или за преселба во Италија, додека го очекува подолг период надвор од теренот поради повреда.

Неизвесна е и иднината на Коби Мајнер, кој уште летото побара да биде испратен на позајмица.

Јунајтед тогаш го блокираше неговото барање, но ако неговата минутажа не се зголеми во следните неколку недели, младиот играч за врска би можел да инсистира на заминување во зимскиот трансфер период.

Не е ништо појасна ситуацијата и со поискусните играчи.

Касемиро, кој во февруари ќе наполни 34 години, се наоѓа во последните месеци од договорот, а сè потсетни се проценките дека клубот на крајот од сезоната ќе ја прекине соработката со бразилскиот играч.

Посебно внимание привлекува и позицијата на Мануел Угарте, кој лани беше донесен за 50,75 милиони фунти.

Уругваецот оваа сезона започна само четири натпревари во сите натпреварувања, а Јунајтед ги загуби сите, што дополнително го стави под знак прашалник неговото прилагодување на Премиер Лигата.

Интересно е тоа што интересот на Јунајтед за Карлос Балеба од Брајтон веќе лани ја отвори дилемата дали клубот воопшто го гледа Угарте како долгорочно решение.

Балеба, кој има 21 година, има договор со Брајтон до 2028 година, но пазарната вредност му падна откако се појави прашањето за интересот на Јунајтед.

Камерунскиот репрезентативец беше заменет четири пати на полувреме одлука на тренерот Фабиан Хирцелер, што не остана незабележано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додека Салах е во Африка, неговата судбина на Енфилд конечно е решена!

Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул стана главна тема на разговор порано овој месец, сè …