Дома Фудбал Судијата побара ВАР – ВАР не постоеше: Скандалот кој го промени исходот на натпреварот

Судијата побара ВАР – ВАР не постоеше: Скандалот кој го промени исходот на натпреварот

Натпреварот кој заврши со победа на ДР Конго со резултат 1:0 остана во сенката на неверојатниот пропуст кој директно влијаеше на конечниот исход на мечот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во еден од клучните моменти на натпреварот, дефанзивецот на ДР Конго – Чансел Мбемба очигледно играше со рака во сопствениот казнен простор.

Играчите на Бенин веднаш го опкружија судијата, барајќи пенал, убедени дека станува збор за чист прекршок кој мора да биде санкциониран.

Главниот судија реагираше по протоколот и се упати кон ВАР мониторот за да ја провери спорната ситуација.

Меѓутоа, следуваше шок – ВАР системот на стадионот во тој момент не беше во функција.

По кратка конфузија и консултации со техничкиот персонал, стана јасно дека видео технологијата не може да помогне во донесувањето на одлуката.

Судијата беше принуден да го продолжи натпреварот без проверка на ВАР, што автоматски значеше дека пенал за Бенин нема да биде доделен.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Ираола скапо ја плати дебитантската победа на клупата на Ливерпул

Ендони Ираола со триумф го започна својот менаџерски мандат на клупата на Ливерпул, откако…