Дома Фудбал Омерагиќ објасни зошто Седлоски е избран за нов селектор

Омерагиќ објасни зошто Седлоски е избран за нов селектор

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, порача дека смената на селекторот не е донесена случајно, туку со јасна намера – да се разбуди нова енергија во националниот тим и да се направи максимален обид за пласман на Светското првенство што следува.

На официјалната промоција на новиот селектор Гоце Седлоски, Омерагиќ најпрво изрази благодарност до Благоја Милевски за неговиот ангажман и истакна дека ваквите одлуки се нормален дел од фудбалот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Фудбалот носи и убави и тешки моменти. Имаше натпревари во кои можевме да извлечеме повеќе, но резултатот од дуелот во Велс ја насочи одлуката кон промени“, изјави првиот човек на ФФМ.

Според Омерагиќ, на репрезентацијата ѝ е потребен свеж импулс за да се направи исчекор.

„Потребна ни е нова енергија, нов пристап и нов мотив за да се бориме за пласман на Светското првенство. Токму затоа денеска го претставуваме Гоце Седлоски“, дополни тој.

Претседателот на ФФМ појасни и зошто изборот паднал токму на актуелниот тренер на Вардар.

„Баравме селектор со борбен менталитет, човек што не се плаши од големи предизвици. Тоа го препознавме кај Гоце Седлоски. Веруваме дека со него можеме да ја поминеме Данска, а токму таа верба беше клучна за промената“, истакна Омерагиќ.

За крај, тој испрати силна порака до сите вклучени околу националниот тим.

„Секој што не верува дека Македонија може да ја елиминира Данска – не треба ни да патува со нас“, порача Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус добива нов спортски директор!

Досегашниот спортски директор на Џенова, Марко Отолини (45), е на пат да ја преземе истата…