
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен планира да му понуди на Луис Енрике досега невиден договор – доживотен.
ПСЖ толку верува дека Луис Енрике е вистинскиот тренер за долги години, што Насер Ал-Келаифи сака да му понуди „бланко“ и неодреден договор, доживотен, досега невиден во фудбалскиот свет, пишуваат шпанските медиуми.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Покрај тоа, ПСЖ сака да му понуди и огромна плата по која ќе биде најплатениот тренер во светот, но сумата не е откриена.
Луис Енрике повеќепати повтори дека е среќен во Париз, и на приватен и на спортски план, и изгледа дека би можел да остане, само останува големо прашање дали ќе се обврзе да остане во „златната“ кафез доколку некогаш посака да замине.
Шпанецот во својата кариера ја водеше Барселона Б, па Селта, Рома, а потоа испиша златни страници во својата Барса од 2014 до 2017 година по што, пред да дојде во Париз, ја водеше репрезентацијата на Шпанија.