Дома Ракомет Ален Ќосевски повеќе не е ракометар на Вардар

Ален Ќосевски повеќе не е ракометар на Вардар

Екипата на Вардар утрово потврди дека спогодбено го раскинува договорот со ракометарот Ален Ќосевски.

Ален е дете на Вардар, потекнува од младинскиот погон и од екипата на Вардар Јуниор, а од 2019 година е дел од првиот тим. Во црвено-црниот дрес тој помина повеќе сезони во кои прерасна од перспективен млад играч во стандарден член на тимот.

„Вардар му се заблагодарува на Ален за сите години поминати во клубот, за професионалниот однос и за придонесот што го даде и на терен и во соблекувалната. Клубот му посакува многу здравје, среќа и успех во продолжението на неговата кариера“, соопштија од редоввите на лидерот на табелата во Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Николовска со 11 гола го предводеше Спартак до нов триумф над Атлетик

Спартак го отвори осмото коло со победа од 31:22 над Атлетик. Анастасија Николовска и Сара…