Дома Фудбал Џерард за Ливерпул и Слот: Ќе бидам брутално искрен…

Џерард за Ливерпул и Слот: Ќе бидам брутално искрен…

Стивен Џерард е категоричен кога станува збор за враќање во Ливерпул – би се вратил и би прифатил која било улога што клубот од него ја бара. Меѓутоа, во исто време покажува поддршка кон Арне Слот.

Откако заврши својата авантура во Саудиска Арабија, Стивен Џерард не работи како тренер, но често го гледаме како стручен коментатор. Во своето последно интервју, тој проговори за можноста да се врати во тимот на Ливерпул.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Ќе бидам крајно искрен. Би му помогнал на Ливерпул во која било улога, секој миг, секој ден. Буквално би направил сè“, изјави Џерард кога го прашаа дали сонува да биде менаџер на Ливерпул.

Иако неговата желба е јасна, како долгогодишен навивач и легенда на клубот, Џерард не сака да му создаде проблеми на Арне Слот.

„Не сакам Арне Слот да ја загуби својата работа.

Сакам Арне Слот да ги поправи работите, да ја сврти ситуацијата и да го направи Ливерпул одличен. Кога Ливерпул ја освои лигата, јас славев четири или пет месеци. Јас сум навивач на Ливерпул и секогаш му посакувам најдобро на клубот.

Но, ако Ливерпул ми каже дека му требам во која било улога, ќе бидам тука“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сериозен проблем за Аморим: Фернандеш е повреден!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, може да биде отсутен извесно време откак…