Дома Фудбал Алонсо го доживеа најголемо понижување и најлошото предавство од „својот“ Реал Мадрид

Алонсо го доживеа најголемо понижување и најлошото предавство од „својот“ Реал Мадрид

Чаби Алонсо е еден од легендарните фудбалери на Реал Мадрид кој на почетокот на сезоната доби шанса да стане тренер на овој клуб.

Препорака за ова му беа одличните резултати кои ги постигна со тимот на Баер Леверкузен, а нешто порано ја одби понудата на Ливерпул, сè за да стане тренер на Реал Мадрид.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Сепак, челниците на Реал Мадрид предводени од Флорентино Перез наводно го понижија Чаби Алонсо како никој досега со својата последна одлука.

Според шпанските медиуми, Перез веќе некое време се обидува да го убеди Јурген Клоп да се врати на тренерската позиција, а како што изгледа на крај успеал.

Клоп одлучи да ја напушти клупата на Ливерпул пред две лета и тогаш заврши неговиот мандат на тренерската позиција на Ливерпул.

После тоа, не работеше никаде како тренер и стана шеф на фудбалот во компанијата Ред Бул.

Клоп инсистираше дека никогаш нема да води некој друг клуб во Англија освен Ливерпул, па е јасно дека само три позиции можеа да го вратат од тренерска пензија.

Стануваше збор за повици од германската репрезентација, но и од Барселона, како и од Реал Мадрид, а очигледно е дека овој последниот пристигна и беше нешто што не можеше да го одбие.

И покрај тоа што забележа две последователни победи во Ла Лига, Чаби Алонсо сè уште е под голем надзор во Реал Мадрид.

Според пишувањата на „ДефенсаСентрал“, медиумски портал специјализиран за следење на Реал Мадрид, Перез зад грбот на Алонсо пронашол нов тренер на Реал Мадрид, а тоа ќе биде токму Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во Мадрид: Еве како навивачите на Реал го исвиркаа Винисиус (Видео)

Бразилската ѕвезда од редовите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, беше исвиркан од своите на…