Дома Фудбал „Земјотрес“ во Арсенал: Артета „отпиша“ човек кој со години беше недопирлив во екипата

„Земјотрес“ во Арсенал: Артета „отпиша“ човек кој со години беше недопирлив во екипата

Фудбалерите на Арсенал синоќа остварија минимална победа од 1:0 на гостувањето кај Евертон и така се вратија на врвот на табелата во Премиерлигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Утрото по натпреварот донесе навистина неверојатни вести што се однесуваат на една ѕвезда на Арсенал која треба да го напушти Емиратес оваа зима.

Според пишувањата на медиумите во Англија, Арсенал ќе се раздели со Габриел Мартинели и тоа би можело да биде најголемото изненадување на овој јануари кога се работи за трансфери.

Крилниот играч оваа сезона започна само пет натпревари во Премиерлигата, а во Лигата на шампионите игра навистина одлично и постигна гол во сите пет натпревари оваа сезона.

Мартинели е првиот играч на Арсенал во историјата кој постигнал гол во пет последователни натпревари во Лигата на шампионите.

Според шокантното тврдење на новинарите од Англија, Микел Артета решил да го продаде Мартинели во јануари.

Новинар од Турција, Серџан Хамзаолу оди чекор понатаму и тврди дека од Арсенал ги понудиле неговите услуги на турскиот гигант, Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рекордни девет клубови од Англија ќе настапат во Европа следната сезона

Англиската Премиер лига втора година по ред ќе има дури девет претставници во европските н…