Дома Останати Кошарка Јокиќ во сенка на Дурант, Денвер ја прекина серијата на победи (Видео)

Јокиќ во сенка на Дурант, Денвер ја прекина серијата на победи (Видео)

Тоа што стана тренд од почетокот на новата сезона, продолжи и синоќа – Денвер повторно одигра лошо на домашен терен и запиша петти пораз во вкупно 13 натпревари пред своите навивачи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во првиот натпревар од ноќната програма во НБА лигата, Денвер загуби од Хјустон со резултат 101:115.

Уште од втората четвртина работите тргнаа по надолна линија за Нагетс кои потоа постојано беа во резултатски заостаток и гостите дојдоа до победа веројатно полесно од очекуваното.

Никола Јокиќ немаше добар шутерски ден, погоди девет од 20 шута од игра и го заврши мечот со 25 поени, 7 скокови и пет асистенции. Браун кај домашните имаше по 12 поени и скокања, а Џамал Мареј запиша 16 поени и седум асистенции.

Рокитс ги предводеше Кевин Дурант со 31 поен, 6 скокови и 5 асистенции, а одлично го следеа Шепард со 28 и Смит со 22 поени и 10 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс пред елиминација: Оклахома лесно славеше и во Лос Анџелес (Видео)

Оклахома сака да ја одбрани титулата во НБА лигата и на добар пат е кон тоа. Во полуфинале…