Дома Фудбал Флик за наградите на ФИФА: Уште мислам дека е шега…

Флик за наградите на ФИФА: Уште мислам дека е шега…

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, е фрустриран поради одлуката да не биде избран Рафиња да не биде во идеалниот тим на годината.

ФИФА оваа недела ги објави наградите „The Best“ за 2025 година, а најголемото изненадување беше што Рафинја не се најде во составот на најдобрите.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Ако ги погледнеме индивидуалните статистики, Рафиња беше најдобар во сезоната 2024/25, освојувајќи ја Ла Лига, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија. И покрај тоа што се пласираше на петтото место во изборот за „Златната топка“, уште позначајно е што не влезе во идеалната единаесетка на ФИФА.

„Таа награда од ФИФА и најдобрите 11 е вистинска шега. Кога видов дека Рафиња не се наоѓа во идеалниот тим, навистина помислив дека се шегуваат. Тој беше играч кој имаше најголем придонес во сите натпреварувања. Во Лигата на шампионите учествуваше во 22 гола (13 гола и 9 асистенции) и беше убедливо пред сите други. Освен тоа, ако ги гледате натпреварите кои ги играше, колку голови даде, асистираше и влијаеше на текот на мечот, тој беше неверојатен. Не е фер, навистина мислам дека се шегуваат“, изјави Флик.

Место на Рафиња, предност му беше дадена на Џуд Белингем кој не освои ниту еден трофеј, ниту блескаше индивидуално. Многумина не разбираат зошто и Кол Палмер е ставен пред бразилецот. Исто така, големо изненадување беше што Мо Салах не се најде меѓу најдобрите 11, а не треба да потсетуваме на неговиот придонес во освојувањето на титулата во Премиер лигата…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…