Дома Фудбал Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го врати Рубен Невеш во јануари, и тоа за ниска сума.

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го врати Рубен Невеш во јануари, и тоа за ниска сума.

Рубен Невеш сака да се врати во Премиер Лигата и Манчестер Јунајтед е подготвен да ја искористи ситуацијата за да го зајакне средниот ред со Португалецот, тврди „Дејли Мејл“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вулверхемптон го продаде на Ал-Хилал во 2023 година за 47 милиони фунти, но неговиот договор истекува и саудискиот клуб е подготвен да го остави да си замине за многу пониска сума уште за времетраењето на јануарскиот трансферен прозорец. Англискиот медиум тврди дека бараната цена е околу 20 милиони фунти.

20-кратните шампиони сигурно сакаат да се зајакнат во средината на теренот, бидејќи иднината на Каземиро, Коби Мајну и Мануел Угарте, кој не ги оправдува очекувањата, е неизвесна. Како трансферни цели за овие позиции се спомнуваат половина дузина имиња – Елиот Андерсон, Адам Вортон, Конор Галахер, Карлос Балеба, Тајлер Адамс и Жоао Гомес.

Порто исто така го сака Рубен Невеш, а од Ал-Хилал сè уште се надеваат дека до почетокот на јануарскиот трансферен прозорец ќе го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…