Дома Фудбал Барселона донела одлука за Рашфорд?

Барселона донела одлука за Рашфорд?

Мaркус Рашфорд (28) со својата игра за Барселона ја оправда довербата што му ја даде Барселона минатото лето кога клубот го донесе на позајмица. Англискиот напаѓач досега има постигнато седум гола и девет асистенции во 23 натпревари, прикажувајќи извонредна адаптација и значително влијаење на тимската игра. Поради тоа, во спортскиот сектор на Барса сè посериозно размислуваат за активирање на клаузулата за откуп, пишува Mundo Deportivo.

Рашфорд се покажа како клучно решение за тренерот Ханси Флик, особено во периодот кога тимот беше без повредениот Рафиња речиси два месеца. Напаѓачот кој е на позајмица од Манчестер Јунајтед до 30 јуни следната година ја искористи својата шанса играјќи на многу високо ниво. Затоа, раководството на клубот во моментов се наклонети кон опцијата за искористување на клаузулата за откуп вредна 30 милиони евра и задржување на Англичанецот во своите редови.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Она што посебно го ценат кај англискиот репрезентативец е неговата поливалентност. Рашфорд може да игра на двете крила, но и како централен напаѓач, што му овозможува на Флик бројни тактички можности, особено при повреда на други играчи.

Неговата способност за пробивање во ситуации еден на еден и неговата сила што му овозможува да втурнува во простор го прават постојана закана за противничките одбрани. Плус, тој има силен удар од далеку, квалитет што често е решавачки против екипи кои се бранат длабоко.

Неговиот придонес не се гледа само низ головите, туку и со деветте асистенции кои сведочат за неговата прецизност при додавања и центаршутеви, било во игра, од корнери или слободни удари.

Во Барселона се задоволни и од тоа што со доаѓањето на Рашфорд конкуренцијата во нападот е посилна, што ги мотивира и другите соиграчи на повисок интензитет и посветеност. Иако неговата кандидатура за трајно останување во клубот е сè посилна, конечната одлука ќе зависи од неговите настапи во вториот, одлучувачки дел од сезоната, како и од тоа како ќе реагира на намалената минутажа по комплетното закрепнување на Рафиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фергусон пофали тројца фудбалери на Јунајед, смета дека се одлични засилувања!

Еден од најзначајните фудбалски менаџери, сер Алекс Фергусон, изрази загриженост за иднина…