Дома Фудбал Готово: Легенда седнува на клупата на Црена Звезда!

Готово: Легенда седнува на клупата на Црена Звезда!

Дејан Станковиќ се очекува да ја преземе улогата на главен тренер на Црвена Звезда во вториот дел од сезоната. Според информациит на Sport Klub, ваквото сценарио е речиси неизбежно на Маракана.

Уште пред натпреварот против Штурм, „Sport Klub“ информираше за можната смена на тренерската позиција, со доаѓањето на Станковиќ наместо Милојевиќ. Ставот на оние што ги носат клучните одлуки не се промени, и освен ако не дојде до неочекуван пресврт, реализацијата на веќе подготвените планови ќе стане реалност.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Откако ја заврши својата соработка со Спартак од Москва, Станковиќ пристигна во Белград и од Црвена Звезда доби повик дека неговите услуги се потребни. Откако пропаднаа преговорите со Риера, раководството реши да се насочи кон домашен тренер.

Станковиќ не одби и веќе е во подготвка да ја пресели својата фамилија во Белград, при што многу од техничките детали веќе се средени, според изворите на Sport Klub.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…