Дома Фудбал Двојник на Серхио Рамос на натпреварот на Барселона: Сите без зборови поради еден човек (Фото)

Двојник на Серхио Рамос на натпреварот на Барселона: Сите без зборови поради еден човек (Фото)

Друштвените мрежи беа преплавени по натпреварот Гвадалахара – Барселона со фотографии на кои се гледа „лажниот Серхио Рамос”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се работи за напаѓачот на Гвадалахара, Борха Дијаз, кој неверојатно личи на легендарниот стопер на репрезентацијата на Шпанија и Реал Мадрид, кој неодамна стана слободен играч откако му истече договорот со Монтереј од Мексико.

Борха Дијаз неверојатно потсетува на Серхио Рамос, а кога го видоа навивачите на телевизија за време на мечот од Купот на кралот против Барселона, стана интернет сензација.

Гвадалахара игра во третата лига на Шпанија и моментално се бори за опстанок, бидејќи има 17 бода од 16 натпревари и се наоѓа на 17. место и во зоната за испаѓање во четвртата лига.

Борха Дијаз оваа сезона постигна еден гол на 15 натпревари, а против Барселона не можеше ништо, но неговиот тим успеа да го изморува Барса, која ја скрши отпорноста на ривалот со головите на Кристенсен во 76. и Рашфорд во 90. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна статистика: 62 удари кон голот, 0 погодоци – Турција елиминирани од Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Турција, по одигрувањето на двата натпревара во групата Д на…