
Пари Сен Жермен ќе стави крај на најуспешната година во историјата на клубот.
Екипата на Луис Енрике освои шести трофеј во 2025 година, откако триумфираше на Меѓуконтиненталниот куп. Парижаните го победија шампионот на Јужна Америка Фламенго по изведувањето на пенали.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Натпреварот заврши 1:1 во регуларното време. Хвича Кварацхелија го отвори резултатот во 38-мата минута, а Жоржинјо израмни со пенал во 62-рата минута. При изведувањето на казнените удари, европскиот шампион победи со 2:1, откако двата тима направија вкупно шест промашувања.