Дома Фудбал Зиркзе го напушта Манчестер Јунајтед, се враќа во Италија

Зиркзе го напушта Манчестер Јунајтед, се враќа во Италија

Не се прослави во Манчестер Јунајтед, но еден клуб го сака токму него, и ова би можело да биде добитна комбинација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома се подготвува за зима, алармите се вклучени, особено во нападот. Довбик се соочува со повреди, додека Фергусон, иако е во благ подем на формата, сѐ уште не го дава она за што е донесен. Головите доцнат, решенијата се ограничени и јасно е дека Римјаните мораат на шопинг.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед е означен како приоритет број еден. Рома ја следи ситуацијата, споредува, пресметува и чека. Дури и до средината на јануари.

Планот на Рома е јасен: позајмица со право на откуп. А тоа право, ако е потребно, многу лесно може да прерасне и во обврска. Сѐ за да се заврши работата.

Џалоросите сериозно веруваат во Холанѓанецот, особено бидејќи тој кај Аморим главно ја грее клупата, сепак, Циркзе не е единственото име на листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул минатата сезона се обиде да го донесе за 90 милиони евра, а ПСЖ сега бара 165 милиони

Ливерпул се обидува да го договори трансферот на Брадли Баркола (23) од Пари Сен-Жермен. Ф…