Дома Фудбал Тотенхем станува фаворит за Тер Штеген

Тотенхем станува фаворит за Тер Штеген

Англискиот Тотенхем пројавува интерес за голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, тврди каталонското издание “Спорт”.

Весникот дополнува дека лондончаните се разочарани од сериозниот пад на формата на актуелниот нивен голман Гулиелмо Викарио и дека во клубот сè повеќе се зајакнува чувството дека треба да се ангажира солиден конкурент на Италијанецот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Викарио направи неколку сериозни грешки во последните недели и дури имаше препирки со навивачите кои гласно го исвиркале по уште една грешка кај поразот од Фулам.

Од своја страна, Барселона се обидува да се ослободи од Марк-Андре тер Штеген и од неговата голема плата. Во летото двете страни влегоа во сериозен конфликт, откако на “Камп Ноу” беше доведен Жоан Гарсија од Еспањол и скоро веднаш беше определен за нов број еден под рамката. Германецот категорично одби да замине, а наместо тоа подложи на операција, која го извади од игра за неколку месеци. Националниот голман на Бундестафтот се врати во игра вчера во мечот за Купот на кралот, но во јануари ќе бара екипа каде може редовно да игра и да собира минути, за да биде во оптимална состојба за Мундијал 2026. До моментот интерес за него покажале од Бешикташ, Болоња и Ајакс, но преминување во Премиер лига ќе биде многу поатрактивна можност за Тер Штеген, особено ако добие уверување дека ќе биде прв избор за голманската позиција во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави колку ќе заработи освојувачот на Светското првенство во фудбал 2026

Секоја од 48-те репрезентации кои учествуваат на Светското првенство ќе добие најмалку 8,8…