
Кошаркарите на Њу Јорк Никс го освоија НБА купот. Тимот од Њујорк ги совлада Сан Антонио Спарс во финалето што се одигра во Лас Вегас, со резултат 124:113. Оваа титула е прва за Никс во купот и првото знаме што ќе го подигнат во арената по титулата шампиони во НБА лигата од 1973 година. Првпат го постигнаа тоа три години претходно.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Спарс водеше поголемиот дел од натпреварот, но Никс го прикажаа својот победнички дух во последниот период. Клучна беше серијата од 13:1 која започна кон крајот на третата четвртина, со што Њу Јорк ја презеде предноста од 100:95 и не ја испушти до крајот на натпреварот.
Со освојувањето на НБА купот, Никси обезбедија ново знаме да се подигне во Медисон Сквер Гарден, прво по оној за титулата од 1973 година. Освен трофејот, победата им донесе и парични награди. Секој играч заработи дополнителни 318.560 долари, со што вкупниот износ за учеството во финалето се качи на 530.933 долари по играч.
Овој натпревар не се вклучува во официјалниот биланс на регуларната сезона, па двете екипи остануваат со резултатска рамнотежа од 18:7.