Дома Фудбал Радост во Наполи, се враќа Лукаку

Радост во Наполи, се враќа Лукаку

Ромелу Лукаку се приклучи на тренинзите на Наполи и постои можност да заигра во Суперкупот на Италија, кој оваа недела се одржува во Саудиска Арабија.

Лукаку беше отсутен од теренот 124 дена, откако на 14 август се здоби со повреда на мускулот на бутот за време на пријателскиот натпревар против Олимпијакос.

Поради повредата, пропушти 22 натпревари на Наполи во сите натпреварувања оваа сезона.

Италијанските медиуми наведуваат дека белгискиот напаѓач се врати на целосниот тренинг процес и дека би можел да конкурира за составот за натпреварите во Суперкупот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноер повторно шокираше, погледнете што направи во 31 минута (Видео)

Мануел Нојер синоќа се забавуваше на својствен начин на голот на Баерн. Иако Унион Берлин …