Дома Фудбал Перез за Барса: Како можеме да го заборавиме најголемиот скандал во историјата?

Перез за Барса: Како можеме да го заборавиме најголемиот скандал во историјата?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одржа говор на традиционалната божиќна церемонија на клубот и повторно ја искористи можноста да го нападне нивниот најголем ривал, Барселона.

Секако, се мисли на случајот „Негреира“, кој е шпански судија, роден во Барселона, кој е осомничен за примање мито од каталонскиот клуб. Негреира претходно изјави дека Барселона му дала пари, но, според него, „само за да суди неутрално“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Перез половина од својот говор го помина зборувајќи за судиите и Барселона.

„Најголемата загриженост на Мадрид е ситуацијата со судиите. Како што добро знаете, многу сериозната ситуација што се случува со „случајот Негреиро“ речиси две децении заслужува правда. Сосема е несфатливо институциите да го остават Мадрид сам во оваа борба. Како е можно претседателот на судскиот совет да нè замоли да го заборавиме ова? Како ќе го заборавиме најголемиот скандал во историјата на фудбалот? Како можат РФЕФ и Ла Лига да се однесуваат вака? Тие имаат должност да обезбедат интегритет“, се запраша Перез.

Тој истакна дека ова е најсериозниот случај во фудбалот денес.

„Знаеме дека повеќе од осум милиони беа платени за техничките извештаи на судиите. А покрај тоа, тренерите никогаш не ги добија. Кој може да поверува дека беа платени за овие извештаи за кои дури ни тренерите не знаеја? Ова ја истакнува потребата од радикална промена“, прашува Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо со “изненадувачка” покана: “Тука секогаш си добредојден”

Фернандо Каро, генерален директор на Баер Леверкузен, отправи критики до Реал Мадрид порад…