Дома Фудбал Претседателот на Атлетико со изјава стави КРАЈ на сите шпекулации во врска со Гризман

Претседателот на Атлетико со изјава стави КРАЈ на сите шпекулации во врска со Гризман

Шпанските медуми вчера објавија дека Атлетико Мадрид и Барселона се договориле за трансфер на Антоан Гризман на „Камп Ноу“.

Французинот наводно во текот на летото 2018. година би требало да потпише петгодишен договор со Барселона вреден 100 милиони евра, но сега се појави друга верзија на приказната. Потреба да реагира почуствува претседателот на Атлетико, Енрике Серезо кој ги демантираше тие информации со тоа што изјави дека Гризман сака да остане во Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Гризман има договор со Атлетико и е наш играч. Тој сака да остане овде, верувајте ми дека никогаш не беше сериозен кога велеше дека сака да си оди. Луѓето едноставно не ја разбираат неговата смисла за хумор“, изјави Серезо.

Овој 26-годишен фудбалер има договор со Атлетико до 2022. година во која откупната клаузула изнесува 100 милиони евра, па останува да се види дали навистина следната сезона ќе го напушти Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА конечно ќе ја исправи големата неправда кон Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски наскоро би требало да ја доби „Златната топка“ за 2020…