
Синот на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп Јуниор, ги нападна австралиските власти по терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, актуализирајќи го случајот со Новак Ѓоковиќ.
Инцидентот што беше означен како терористички чин се случи вчера на австралиската плажа каде се одржуваше еврејскиот фестивал на светлината, Ханука.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Двајца напаѓачи отворија оган врз присутните, а очевидците сведочат дека пукањето траело подолго време. Полицијата еден од напаѓачите го застрела, додека другиот е ранет и во критична состојба.
Еден од терористите е Пакистанецот Навид Акрам, а Трамп Јуниор ја истакна неспособноста на австралиската влада.
Amazing Tweet. So sad. So true. https://t.co/ZtqQgNIXrD
— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) December 14, 2025
Трамп Јуниор сподели твит од корисникот “@catturd2” каде се наоѓаат фотографии на Акрам и Ѓоковиќ, со наслов “Еден од овие двајца беше спречен да влезе во Австралија”.
Трамп Јуниор напиша “Неверојатно напишано. Толку тажно. Толку вистинито”.
Јасно се алудира на ситуацијата кога Ѓоковиќ беше спречен да учествува на Австралија Опен бидејќи не беше вакциниран против корона вирусот, додека австралиските власти без проблем му овозможија влез на терорист, како што подоцна се утврди.
Бројот на жртвите од терористичкиот напад се искачи на 16, вклучувајќи еден од напаѓачите. 14 лица загинаа на самото место, а две починаа во болница, меѓу кои и девојче од 10 години.
Во болница се лекуваат 42 лица, од кои четири деца и двајца полицајци. Под строг надзор од полицијата е и еден од напаѓачите кој е во тешка здравствена состојба.