Дома Фудбал Неверојатна сума: Алонсо ќе добие голема отштета за отказот во Реал!

Неверојатна сума: Алонсо ќе добие голема отштета за отказот во Реал!

Иако во Мадрид беше прифатен како човекот со кој почнува новата ера на Реал, Xabi Alonso по само 28 натпревари се соочува со отказ како тренер на кралскиот клуб.

Не задоволството е големо меѓу челниците на Реал, поразот од Сити и Селта во неколку дена само ја продлабочија кризата и сè почесто се зборува дека Аконсо наскоро ќе стане бивш.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ултиматумот за 44-годишниот стручњак е победа во првенството против Алавс. Ако се случи нов пропуст, Alonso може да ги пакува куферите бидејќи речиси сигурно ќе стане бивш.

Сепак, барем во финансиска смисла Алонсо нема да замине незадоволен од Мадрид. Тој со договор е врзан за Кралевите до лето 2028 година и има огромен договор кој во случај на отказ ќе мора целосно да се исплати.

“Real Madrid може да исплати повеќе од 30 милиони евра на Алонсо и неговиот тим поради отказот. Платата му изнесува околу девет милиони евра нето по сезона,” наведуваат шпанските медиуми.

Дефинитивно Алонсо би добро профитирал од отказот, но тешко е да се поверува дека би се помирил со таквата судбина, без разлика на парите. Тој сонувал за клупата на Реал, одбил понуди од Ливерпул и Баерн за да биде тука, но тренерскиот живот е суров и нема да биде изненадување ако веќе за време на викендот добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово :Роналдо е пред заминување, објави и медиумот во кој тој е сопственик!

Кристиано Роналдо најавува заминување од Саудиска Арабија, како што објави португалскиот в…