
Роберт Просинечки официјално е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Киргистан.
Со договор постигнат со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Киргистан, Камчибек Ташиев, Роберт Просинечки ги презеде обврските како селектор на државниот тим.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Просинечки познат по својата богата играчка и тренерска кариера, потпиша договор на 1+1 година, со прецизно поставени цели и можност за долгорочна соработка.
Ако тимот под негово водство се покаже успешно на Азискиот куп во 2027 година, договорот автоматски може да се продолжи за уште три години. Ова ја покажува довербата што ја имаат во Киргистан во проектот и визијата на Просинечки.
Претседателот Камчибек Ташиев е полн со оптимизам по неговото назначување:
“Сметаме дека ангажманот на Роберт Просинечки ќе донесе нова енергија во нашиот тим. Очекуваме значителни промени, подобрен квалитет на играта и веруваме дека Киргистан може да достигне ново ниво.”
Фудбалската репрезентација на Киргистан според најновата ранг-листа на ФИФА е на 104. место во светот.
Основната задача ќе биде стабилизација на тимот, подигнување на играчките стандарди и создавање конкурентен тим кој на Азискиот куп 2027 ќе може да им парира на најсилните азиски селекции.
За Големиот Жути ова е негово четврто селекторско искуство, претходно работел во Азербејџан, Босна и Херцеговина, а последниот негов ангажман беше во Црна Гора.